Активности



Петок, 22 јануари 2010 година

Еднодневна работилница на Вестминстерската фондација за демократија во Собранието на Република Македонија

Во Собранието на Република Македонија во рамките на активностите за реализација на заедничкиот проект на Собранието на Република  Македонија и Вестминстерската фондација за демократија беше реализирана еднодневна работилница на тема  Планирање за надзорни активности и јавни расправи во парламентарните комисии.

Учесници на работилницата беа координаторите на пратеничките групи, претседателите на собраниските комисии, претседателот на Буџетскиот совет на Собранието, како г.Џорџ Фолкс, лорд во Британскиот парламент и пратеник во Шкотскиот парламент и г.Марк Версалион, претседавач на Форумот за надворешни работи на Конзервативната партија.

Активноста имаше за цел презентирање на британските искуства во поглед на планирањето и спроведувањето на јавните надзорни активности, размена на мислења меѓу македонските пратеници и гостите од британскиот парламент, како и усвојување на конкретни препораки и следни чекори за сето она што е потребно да се преземе и направи како дополнително би се развиле и подобриле надзорните практики во Собранието на Република Македонија.

Click