Активности



Вторник, 12 јануари 2010 година

Еврокомесарите на сослушување пред европратениците

Новите 26 кандидати за комесари, избрани од страна на претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, од вчера па сè до 19 јануари, ќе бидат сослушани од страна на пратениците во Европскиот парламент. 

Сослушувањата започнаа со г-ѓа Кетрин Ештон, висок претставник за надворешна и безбедносна политика, која истакна дека Европската унија мора да биде влијателен меѓународен актер, а приоритети во европската надворешна политика ќе бидат Авганистан, Иран, Пакистан, Јемен и Блискиот Исток, но да не се заборави и Западен Балкан, каде ЕУ треба да продолжи да го поддржува реформскиот процес, а воедно ја поздрави и одлуката за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора.

Дали ќе биде одобрен или одбиен составот на новата комисија, Европскиот парламент ќе гласа на 26 јануари на посебна пленарна седница во Брисел, со цел официјално да стапат на функција од 1 февруари 2010 година. Мандатот на еврокомесарите трае 5 години, а помеѓу 26-те кандидати, именувани се девет жени.

Иако главниот збор во ЕУ го има Советот и земјите-членки, сепак не треба да се потцени влијанието на Европарламентот во назначувањето на комесарите, особено сега откако стапи на сила Лисабонскиот договор.

Click