Активности

Сабота, 11 декември 2010 година, Истанбул  

Балканското интегрирање во евроатлантските структури гарант за мирот и стабилноста на Западен Балкан

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија,  г-ѓа Теута Арифи,  и членовите на комисијата, г-ѓа Флора Кадриу, г. Васко Шутаров и г.Назиф Буши за време на официјална посета на Република Турција, беа примени од министерот за надворешни работи на турската влада, г. Ахмет Давутоглу.

Претседателот на комисијата, г-ѓа Теута Арифи изрази благодарност и задоволство за континуираната поддршката на Република Турција во однос на остварувањето на демократските процеси и реформи во државата, но и во однос на турскиот став околу употребата на уставното име на нашата држава. Госпоѓа Арифи, меѓу другото, информираше и за актуелните состојби во државата, настојувањата во реализацијата на стратешките цели, членствата во НАТО и ЕУ, текот околу прашањето за уставното име, иако нереално, но реалност со која се соочува македонското општество.

Министерот Давутоглу, подвлекувајќи дека со особено внимание ја следат состојбата во нашата држава, го нагласи цврстото пријателство на Република Турција спрема Македонија, константниот и непроменет став на Турција за целосна поддршка во однос на демократските процеси во нашата држава, правото за користење на уставното име, како и потребата за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Во разговорот меѓу  другото, беа разменети мислења и за актуелните случувања на Балканот, потребата од негово интегрирање во евроатлантските структури, како гарант за мирот и стабилноста на Западен Балкан. Соговорниците се согласија дека просперитетот на Западен Балкан е можен само преку меѓусебното почитување, соработка и градење на добрососедски односи. Во рамките на ова министерот Давутоглу нагласи дека стабилноста на Западен Балкан е во зависност од мирот и стабилноста на Република Македонија, со оглед на нејзината географската поставеност во регионот и мултуетничкото опшество.

Во рамките на дискусијата околу парламентарната димензија, турскиот министер за надворешни работи посебно го подвлече значењето и улогата на парламентарната дипломатија во развојот на односите меѓу двете држави.

За одбележување е дека, претседателот на комисијата, г-ѓа Теута Арифи и делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Македонскиот парламент, е прва странска делегација на ниво на парламентарна комисија за надворешна политика, што е примена од турскиот министер за надворешни работи, г. Ахмет Давутоглу.

 

 

 

 

Click