Активности

Петок, 12 ноември 2010 година 

Пратеничките Катерина Димеска и Лилјана Затуроска учествуваа на Меѓународна конференција за жените во Истанбул
 
Координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Катерина Димеска и пратеничката, г-ѓа Лилјана Затуровска, член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите, учествуваа на Меѓународна конференција Њоменист (Жените на Истанбул), во Истанбул, Турција.

Конфернцијата се одржа на 5 и 6 ноември 2010 година, во рамките на Истанбул - град на европската култура 2010, во соработка со ИКАМ - Женскиот центар за истражување од Истанбул, поддржан од Промотивниот фонд на премиерот на Република Турција.

Целта на конференцијата беше да се проговори за женските прашања од разни аспекти: како жената и вработувањето, семејното насилство, градови кои ќе бидат во служба на жените, улогата на политиката во подобрувањето на женските прашања.

На конференцијата свои излагања имаа и премиерот на Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, како и потпретседателката на Европскиот парламент, г-ѓа Диана Валис.

Покрај пратеничките на конференцијата, од Република Македонија, присуствуваа и г-ѓа Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби и г-ѓа Савка Тодоровска од Националниот совет на жените - СОЖМ.
Click