Активности



Понеделник. 8 ноември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ  

Во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија, излезе деветтото издание на Билтенот на Собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ), чиј претседавач е пратеникот Александар Спасеновски.
 
Во тековниот број на Билтенот, содржани се информации за средбата на претседателот Трајко Велјаноски со премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ,  за средбата на потпретседателот Рафиз Аљити со Делегација од Германскиот Бундестаг,  за активностите на Националниот совет за евроинтеграции, како и за последниот Рос-Рот Семинар организиран од страна на Собранието и Парламентарното собрание на НАТО.
 
Изминатите 10 месеци, Мешовитиот парламентарен комитет преку Билтенот редовно на месечна основа ги информира европратениците во Европскиот парламент, но и пратениците во националните парламенти на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ кои работат на европски прашања, администрацијата во Европскиот парламент и националните парламенти, преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство, за сите активности на Собранието на Република Македонија поврзани со евроинтегративниот процес.
 
Билтенот се изготвува во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
 
Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx,
 
а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click