Петок, 18 јуни 2010 година
Јавна расправа по Предлог-законот за авторското право и сродните права


Комисијата за култура денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за авторското право и сродните права. Воведено излагање на јавната расправа имаше претседателот на комисијата, г. Васко Шутаров и министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.
На јавната расправа беа поканети претставници од сите продукциски куќи, агенции за заштита на интелектуалната сопственост, медиуми и уметници.
Во дискусијата учествуваа претставници на ЗАМП, КОМИП, ММИ, кабловскиот оператор Кабелтел, Советот за радиодифузна дејност, неделникот Форум, Здружението на фоторепортери на Република Македонија, Центарот за развој на медиуми и претставници од Македонската авторска агенција.
Министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, ги сослуша сите забелешки се со цел да се добие законско решение кое ќе обезбеди добро вмрежување на интересите на сите заинтересирани субјекти.