Активности



Среда, 10 ноември 2010 година

Македонија ѝ го предава на Турција претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа

На 1097. состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, денеска во Стразбур, Република Македонија го завршува претседавањето со оваа паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Наредните шест месеци претседателството ќе го извршува Република Турција, а турскиот министер за надворешни работи, г. Ахмет Давутоглу, ќе ги претстави приоритетите на неговата земја до мај 2011 година.

Од друга страна, на денешниот состанок, министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, ќе има обраќање во кое ќе обрне внимание за придонесот што земјата во својство на претседавач го даде за промоција на вредностите и стандардите на Организацијата, како и за подобрување на нејзината политичка релевантност на меѓународната сцена.

Република Македонија како претседавач беше сконцентрирана на три главни области: засилување на заштитата на човековите права, јакнење на интеграцијата со почитувањето на различностите и промоција на младинската соработка.

Примопредавањето на претседавањето се совпаѓа со одбележувањето на 15-годишнината од пристапувањето на Република Македонија кон Советот на Европа, по кој повод ќе биде организирана пригодна свеченост, на која се очекува да присуствува генералниот секретар на Советот, г. Торбјорн Јагланд.

 

 

Click