Активности



Понеделник, 29 ноември 2010 година, Будва

Македонија е дел од регионалните проекти и иницијативи

Пратениците Феми Јонузи и Јован Лазарев, членови на  Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на ЦЕИ,  учествуваа во работата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, што се одржа на 26 и 27 ноември 2010 година во Будва, Црна Гора.

На 26 ноември седници одржаа Постојаниот комитет на ПД на ЦЕИ, како и генералните комитети за политики и внатрешни работи, за култура и за економски прашања, додека на 27 ноември седница одржа Парламентарното собрание на ЦЕИ.

На седницата присутните расправаа за меѓуграничната соработка и за соработката на националните парламенти со цивилниот сектор.

На сесијата посветена на меѓуграничната соработка пратеникот Јован Лазарев, во неговото излагање, зборуваше за определбата на Република Македонија за развој на добрососедски односи, како и за проектите и иницијативите на регионално ниво во кои нашата земја е активно вклучена.

Click