Активности



Петок, 12 ноември, 2010 година 

Отворен Парк на парламентаризам

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, кој воедно е и претседател на Одборот за одбележување на 20 години од првите повеќепартиски избори, заедно со неколку претставници од првиот парламентарен состав, денеска, во рамките на одбележувањето на 20 години од првите повеќепартиски избори, посадија садници и со тоа го отворија Паркот на парламентаризам, кој се наоѓа во кругот на Клубот на органите на управа (поранешен Клуб на пратеници).

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, верува дека тоа ќе стане традиција и дека тој парк ќе биде дел од сите понатамошни одбележувања на разни настани во рамките на Собранието на Република Македонија.

 

Click