Активности

Среда, 27 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, со Делегација на Големата комисија за европски прашања на Финскиот парламент

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и членовите на Kомисијата г-ѓа Станка Анастасова, г. Панче Дамески, г-ѓа Силвана Бонева, г. Ванчо Коцев, г. Миле Пачемски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Васко Шутаров, г. Александар Спасеновски и г-ца Христина Рунчева денеска остварија средба со Делегација на Големата комисија за европски прашања на Финскиот парламент. 

На средбата, во составот на делегацијата беа: г. Еро Акан Пентела, г. Еско Кивиранта, г. Мати Каупила, г-ѓа Хели Јарвинен, г. Анти Вуолане, г-ѓа Елисабет Науклер, г. Петер Сарамо, а воедно и амбасадорот на Република Финска за Република Македонија Н.Е. г. Ари Хеикинен и г-ѓа Кристина Роине.

Претседателот на Комисијата се заблагодари за принципиелната поддршка што Македонија ја добива од Финска, а воедно констатираше дека оваа соработка на парламентарно ниво е во нагорна линија.

„Оваа средба е позитивна можност за размена на искуства и информации кои на Република Македонија ќе и помогнат во евроинтегративниот процес”, изјави г. Петар Поп Арсов.

Присутните дебатираа во однос на прашањата за усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ, билатералниот спор со соседна Република Грција, реформите во судството, царината и борбата против корупцијата.

 
Click