Активности



Четврток, 14 октомври 2010 година

Претседателот Вељаноски и пратениците земаа учество во хуманитарната акција - ден на службата

Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, денеска беше домаќин на крводарителска акција и акција за донирање храна. На оваа заедничка благородна акција насловена како „Денот на службата“ која се одржа во амбасадата на Соединетите Американски Држави и се придружија и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, координаторите на пратеничките групи во Собранието и поголем број пратеници. 

По повод акцијата на донаторите им се обрати амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Филип Рикер и генералниот секретар на Црвениот крст на град Скопје, г. Саит Саити.

Обраќајќи се пред присутните Н.Е. Филип Рикер истакна дека целта на овој настан е да се зближат луѓето од сите заедници, без разлика на нивната религија, и да размислуваат за заедничка цел. Амбасадорот Рикер изрази надеж дека со оваа заедничка акција, која се одржува втора година по ред, ќе му се помогне на Црвениот крст да ги надополни резервите на крв и на сиромашните семејствата да им се достават неопходни намирници за идните зимски месеци. Исто така, со оваа активност ќе му се помогне на Црвениот крст да формира поголема мрежа на донатори на крв од Македонија, со цел да се осугура резервите на крв да бидат доволни за идните потреби.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски од свое име, од името на координаторите на пратеничките групи во Собранието и од името на сите пратеници срдечно ја поздрави оваа заедничка благородна активност на Црвениот крст на град Скопје и американската амбасада во Република Македонија. 

Во своето поздравно обраќање претседателот Вељаноски истакна дека со учеството на Собранието на Република Македонија во оваа хумана и благородна акција се афирмира и на дело се покажува заедничката солидарност на пратениците, без оглед на разликите кои тие ги имаат. Тој, исто така, изрази надеж дека со овој заеднички чин ќе се поттикнат и други акции на солидарноста со цел да им се помогне на најранливите категотрии граѓани во Република Македонија

Click