Активности



Четврток, 4 ноември 2010 година

Шеснаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеснаесетта седница, гo разгледа Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија и врз основа на расправата, со четири гласа „за“ и два „воздржани“ ги усвои следните заклучоци:

  1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија констатира дека во Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година, во Разделот 02001 Собрание на Република Македонија, има отстапување од Предлог- буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2011 година, доставено до Министерството за финансии, што Буџетскиот совет претходно го разгледа и го усвои;
  2. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија ги поддржува амандманите на Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година, на Раздел 02001 Собрание на Република Македонија;
  3. Овие заклучоци да се достават до претседателот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија и до Министерството за финансии (Влада на Република Македонија).

Click