Активности



Четврток, 11 ноември, 2010 година

Сонот за плурален парламент 20 години подоцна

Во Собранието на Република Македонија, денеска, се одбележа дваесетгодишнината од првите повеќепартиски избори што се одржаа на 11 ноември 1990 година.

Претседавач на настанот беше г. Јани Макрадули, претседател на одборот за одбележување на 20 години од првите повеќепартиски избори. Тој истакна дека му е чест што денес е во друштво на пратеници од првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија и изјави дека тие се херои на своето време.

Свои обраќања имаа г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија, г. Никола Конески, претседател на Републичката изборна комисија и Републичката комисија за спроведување на референдумот (1991 г.), г. Абдулахман Алити, пратеник во првиот парламентарен состав.

Емитувањето на документарни видео инсерти од првите седници на Собранието на Република Македонија предизвика бура на емоции и реакции.

Во склоп на одбележувањето се одржа и дебата на тема: „Сонот за плурален парламент 20 години подоцна".

Претседавач на дебатата беше г. Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија, а многумина од пратениците учествуваа со свои излагања.

Дел од учесниците, во своите излагања, спомнаа дека очекувале многу повеќе, додека дел посочија дека им се остварил сонот за плурален парламент 20 години подоцна.

Click