Активности



Петок, 26 ноември 2010 година

Средба на г. Рафис Аљити со поранешниот премиер на Албанија, г. Ули Буфи

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, оствари средба со г. Ули Буфи, поранешен претседател на Владата на Република Албанија, на која го запозна со составот, работата и активностите на македонското собрание.

Покрај г. Аљити, домаќини на средбата беа уште: г. Џемаиљ Јашари, г. Талат Џафери, г. Тахир Хани, г-ѓа Јулијета Марку, г. Хисен Џемаиљи и г. Џеват Адеми.

Господин Аљити го потенцираше напредокот во овој мандат, во кој со новата систематизација постои Сектор за превод на албански јазик. Тој истакна дека се врши симултан превод на пленарните седници и на македонски и на албански јазик, а пратениците Албанци имаат можност да ги добиваат материјалите и на албански јазик.

Во однос на Охридскиот рамковен договор, поранешниот премиер на Албанија укажа дека тоа е процес кој трае и не може веднаш да се спроведе. На таа тема, македонскиот потпретседател на Собранието истакна дека се очигледни разликите пред и по Рамковниот договор, но и дека има уште работи кои треба да се сработат.

Двете страни се согласија дека при преводот од македонски на албански јазик мора да се користи стандардниот албански јазик, за да не се допуштат никакви граматички недоследности.

Во рамките на својата посета, г. Буфи подари книги на македонското собрание, а воедно ја посети и спомен-куќата на Мајка Тереза.

Click