Активности



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија, Н.Е. Дивиаб Манчанда

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Индија за Република Македонија, Н.Е. Дивиаб Манчанда. На средбата претседателот Вељаноски ја нагласи потребата од зајакнување на соработката со една важна и пријателска земја како што е Република Индија и ја изрази својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на сите форми на парламентарна соработка.
„Со Република Индија имаме и уште нешто заедничко, а тоа е Мајка Тереза, која се родила во Скопје а живеела и работела во Индија и денес е годишнина од отворањето на куќата на Мајка Тереза во Скопје“, истакна претседателот Вељаноски
.

Амбасадорот на Република Индија го изрази своето задоволство од оваа негова прва посета на Република Македонија и исто така ја потенцираше важноста на политичката соработка меѓу двете земји, и како што кажа, очекува и Република Индија во наредниот период да отвори своја амбасада во Република Македонија, со што уште повеќе ќе се олесни меѓусебната комуникација, како на политички, така и на економски план.

Click