Активности



Петок, 29 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Народна Демократска Република Алжир за Република Македонија, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи. На средбата претседателот Вељаноски ја потенцираше важноста од интензивирање на парламентарната соработка, како и севкупните политички односи меѓу двете земји, изрази надеж дека со отворање на амбасади и во Република Алжир и во Република Македонија ќе се отворат повеќе можности за соработка, како на политички, така и на економски план, и ја искажа својата подготвеност во наредниот период да оствари средба со претседателот на Алжирскиот парламент.

Амбасадорот на Демократска Република Алжир, Н.Е. Хабиб Шауки Хамруи, го изрази своето задоволство од оваа прва посета на Република Македонија, изрази надеж дека во иднина ќе има можност за поинтензивна соработка меѓу Македонија и Алжир, како на билатерален, така и на мултилатерален план, и заедно со претседателот Вељаноски се согласија за интензивирање на соработката меѓу групите за пријателство на двата парламента.   


 

Click