Активности



Вторник, 16 ноември 2010 година, Варшава
 
Пратеникот Талат Џафери на Годишно заседание на ПС на НАТО 
 
Пратеникот Талат Џафери, шеф на Делегација на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО учествува на Годишното заседание на ПС на НАТО што се одржува од 12 до 16 ноември 2010 година во Варшава, Полска.

Во текот на заседанието околу 340 парламентарци од 28 земји-членки на НАТО, земјите со асоцијативен статус, како и голем број на парламентарни набљудувачи, дискутираа за главните меѓународни безбедносни прашања. Дебатите најпрво се одвиваа во петте комитети на ПС на НАТО (Политичката, Одбрана и безбедност, Наука и технологија, Цивилна димензија на одбраната, Економија и безбеденост).

На пленарната седница која се одржа денеска се обратија: Џон Танер (САД), претседател на ПС на НАТО во заминување, потоа Гжегор Шетина, спикер на  полскиот парламент, Даниел Дуск, премиер на Полска, како и Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО и претседател на Северноатлантскиот совет.  

Во рамките на Комитетот за цивилна безбедност на одбраната се разгледа и се усвои Извештајот за Западниот Балкан: 15 години по Дејтон, кој се осврна на балканските постигнувања и перспективи. Извештајот дава објективна слика за случувањата во регионот, анализирајќи ги главните недостатоци за негова целосна нормализација. Извештајот особено се осврнува на специфичните тешкотии што се појавуваат со одредени апликации, како што е случајот особено со Република Македонија кога и покрај, без сомневање, добро спроведениот реформски процес, нејзините апликации за НАТО и ЕУ продолжуваат да тапкаат во место заради нерешеното прашање со името на државата.

За нов претседател на ПС на НАТО, со мандат од две години, пратениците со акламација го избраа Карл Ламерс (Германија) актуелен претседавач со Политичкиот комитет.

Click