Делегации



Вторник, 7 септември 2010 година

СПАСЕНОВСКИ: МАКЕДОНИЈА ПРАВИ Сѐ ЗА ДА ДОБИЕ ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Шефот на делегацијата на Собранието во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Унија, г. Александар Спасеновски изјави дека сите релевантни актери задолжени за европскиот пат на државата прават сè државата во целост да ги реализира своите обврски.

Спасеновски изрази надеж дека во следниот извештај за напредокот, кој го подготвува Европската комисија, Македонија уште повеќе ќе се приближи до Унијата, истовремено изразувајќи задоволство од ангажманот на сите релевантни институции задолжени за водењето на надворешната политика, како што се Владата, претседателот на државата и Собранието во таа насока.

Денес ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Александар Спасеновски, претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, претседателоит на собраниската комисија за европски прашања и преставник на собраниската комисија за надворешни работи на покана на Претседателот на Републиката , г. Ѓорге Иванов остварија заедничка средба на кои беа споделени искуствата за поскоро зачленување на Македонија во Европската унија.

Средбата на Претседателот Иванов е дел од серијата средби што тој ги организира со преставници на извршната и на законодавната за прашања од областа на европските интеграции на Република Македонија.

Click