ЕУ вести

Понеделник, 15 февруари 2010 година

112 – телефонски број за итни случаи во странство

Телефонскиот број 112 е бесплатен пан-европски број за итни случаи, кој може да биде биран од било кое место во рамките на 27-те земји-членки на Европската унија. Тој е официјален европски број од февруари 2009 година.     

Тоа значи дека доколку се наоѓате во странство и имате потреба од Полиција, Брза помош или Пожарна, тогаш можете да го повикате овој број, кој иако не ги заменува националните броеви, делува паралелно со нив.

Со оглед на тоа што 150 милиони граѓани на ЕУ ја поминуваат границата во текот на една година, овој број е создаден за да му се овозможи на секого во неопходни случаи да побара помош каде и да се наоѓа во земјите од Унијата.
Click