ЕУ вести


Среда, 24 ноември 2010 година

Европарламентот ја додели филмската награда „Лукс“

Филмот „Странци“ на австрискиот режисер Фео Аладаг ја доби филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент. Најдобриот филм за 2010 година го изгласаа европратениците, а наградата беше врачена во Стразбур од страна на претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек

Овој филм победи во конкуренција со „Академија Платон“ на режисерот Филипос Цитос (Грција, Германија) и „Незаконски“ од Оливие Масе-Депас (Белгија).

Европскиот парламент на победникот ќе му овозможи превод на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија, производство на 35-мм верзија за секоја држава-членка и помош во издавањето на ДВД.

Наградата „Лукс“ првпат е доделена во 2007 година и претставува симбол на интересот на Европскиот парламент за европската филмска индустрија.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.