ЕУ вести


Сабота, 11 декември 2010 година

Историски компромис за климатските промени

На Самитот за климатските промени во Канкун, Мексико, учесниците од 194 држави постигнаа историски компромис во меѓународните преговори на ова поле. Новиот климатски договор, меѓу другото, предвидува намалување на емисиите на метан и создавање „Зелен фонд“ во земјите во развој.

„Ова е нова ера на меѓународната соработка за климатските промени“, изјави мексиканскиот министер за надворешни работи, г-ѓа Патрисија Еспиноза, која претседаваше со Самитот.

Една од најважните одлуки во Канкун, е договорот за создавање „Зелен фонд“, во вредност од 70 милијарди евра годишно, за помош на земјите во развој, идеја која беше претставена уште на минатогодишниот Самит во Копенхаген.

Во однос на емисиите на метан, учесниците се договорија до крајот на 2020 година тие да бидат намалени меѓу 25% и 40% од нивото од 1990 година.  Ограничувањето на глобалното затоплување под 2 степени, исто така е содржано во текстот.

На двонеделниот состанок, само Боливија јавно се спротистави на договорот, но големите сили, како САД, Кина, Индија, Јапонија, Бразил, Саудиска Арабија и  Европската унија, го поддржаа и оценија дека тој, иако не е совршен, со сигурност е една добра основа за чекор напред.

 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.