ЕУ вести



Петок, 10 декември 2010 година

Меѓународен ден на човековите права

По повод 10 декември - Денот на човековите права, генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за надворешни работи на Турција и претседател на Комитетот на министрите, г. Ахмет Давутоглу, изјавија дека реформата на Европскиот суд за човекови права е во полн тек, а паралелно напредуваат преговорите за пристапување на Европската унија кон Европската конвенција за човековите права, кои се надеваат дека ќе бидат завршени во првата половина од 2011 година.

„2010-та е година на 60-годишнината од Европската конвенција за човековите права, но и година на консолидирање и ширење на единствен механизам за заштита на основните права и слободи. Консолидираното и искрено паневропско пространство на заеднички стандарди и човекови права, ќе биде историски чекор напред во борбата за поттикнување и заштита на човековите права во цела Европа“, стои во нивната изјава.

Тие истакнаа дека Европа продолжува да се соочува со нови и тешки предизвици, вклучително и оние кои произлегуваат од потребата да се осигура најдобар начин за интеграција, за заеднички живот со различен културен и религиозен карактер, со почитување на основните вредности и човекови права, спречување на ширењето на нетолерантноста и дискриминацијата.

За Советот на Европа, тоа е политичка потреба, морален императив и законска должност.

Click