ЕУ вести



Вторник, 16 ноември 2010 година

Меѓународен ден на толеранцијата

Дискриминацијата сè уште постои во светот, без разлика на тоа дали е во однос на бојата на кожата, полот, етничката, националната или религиската припадност, политичката определба, сексуалната ориентација и слично. Токму затоа, денешниот ден, 16 ноември, e прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата, првпат воспоставен во 1995 година од страна на Обединетите нации.

Овој ден е можност Советот на Европа, заедно со своите партнерски организации, да ја повтори својата намера за втемелување на слободата, еднаквоста, правдата и почитувањето на различноста.

„Толерантни општества се оние кои ги поддржуваат човековите права на секој поединец преку почитување на сечиј идентитет“, изјави турскиот министер за надворешни работи, г. Ахмет Давутоглу, како претседавач со Советот на министри на Советот на Европа.

На 16 ноември секоја година, во многу земји низ светот, меѓу кои и Република Македонија, се одржува граѓански марш и се упатуваат апели да се дејствува против дискриминацијата, нетолеранцијата, предрасудите и насилството од секаков вид.

Click