ЕУ вести


Вторник, 7 декември 2010 година

Самит ЕУ - Русија

Заедничките предизвици на Брисел и Москва, глобалната економија и климатските промени, билатералните односи, вклучително и програмата Партнерство за модернизација, како и регионалните и меѓународните прашања, се главните теми кои ќе бидат во фокусот на 26. Самит на Европската унија и Русија, кој се одржува во Брисел.

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, г. Херман ван Ромпуј и г. Жозе Мануел Баросо, го оценија Самитот ЕУ - Русија како важна можност за зајакнување на активностите меѓу двете страни.

Покрај г. Ван Ромпуј и г. Баросо, ЕУ на денешниот самит ќе ја претставуваат уште и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, г-ѓа Кетрин Ештон и комесарот за трговија, г. Карел де Гухт, додека од руска страна учество ќе земат претседателот на Руската Федерација, г. Дмитриј Медведев и шефот на руската дипломатија, г. Сергеј Лавров.


 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.