Активности



Четврток, 3 март 2011 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана на 2 март 2011 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија - II читање.

Комисијата по Предлогот на законот водеше претрес по следните Амандмани:

  1. Амандман за менување на член 1, поднесен од пратениците: г. Васко Шутаров, г. Феми Јонузи, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска, г-ѓа Виолета Ташева и г-ѓа Дарка Петрушеска, под архивски број 07-351/3.
    Во претресот по амандманот учествуваа пратеникот г. Васко Шутаров и министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.
    Амандманот е усвоен со 8 гласа „за“.
  2. Амандман на членот 2 за менување на став 1, поднесен од пратениците: г. Васко Шутаров, г. Феми Јонузи, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска, г-ѓа Виолета Ташева и г-ѓа Дарка Петрушеска, под архивски број  07-351/4.
    Во претресот по амандманот учествуваа пратеникот г. Васко Шутаров и министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.
    Амандманот е усвоен со 8 гласа „за“.
  3. Амандман на членот 4 за менување на став 3 и став 4, поднесен од пратениците г. Васко Шутаров, г. Феми Јонузи, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска, г-ѓа Виолета Ташева и г-ѓа Дарка Петрушеска, под архивски број 07-351/5.
    Во претресот по амандманот учествуваа пратеникот г. Васко Шутаров и министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.
    Амандманот е усвоен со 8 гласа „за“.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за култура поднесе Амандман: „Во членот 6 ставот 1 се брише.
Во ставот 2 кој станува став 1 по зборот „Во“ се додаваат зборовите „член 13 во“.
Ставовите 3, 4 и 5 стануваат ставови 2,3 и 4.“

Амандманот се предлага од причина што со дадената можност еден од четворицата членови на Управниот одбор кои се именуваат од редот на стручни и уметнички лица од областа на филмската дејност да биде претставник на Друштвото на филмските работници, ќе ги стави во нерамноправна положба останатите здруженија и комори од оваа дејност. Истовремено, амандманот е од правно-технички карактер.

Комисијата со 8 гласа „за“ го усвои овој Амандман.

Комисијата не водеше претрес по Амандманите под архивски број 07-351/6, поднесен од пратениците г. Васко Шутаров, г. Феми Јонузи, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска, г-ѓа Виолета Ташева и г-ѓа Дарка Петрушевска и Амандманот под архивски број 07-351/2, поднесен од пратеникот г-ѓа Лилјана Поповска, од причина што предлагачите истите ги повлекоа.

По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click