Активности



Петок, 4 март 2011 година

Четириесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на 1 март 2011 година ја одржа својата Четириесетта седница.

- По Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност  на сообраќајот на патиштата (второ читање), Комисијата го претресе Амандманот на член 2 за бришање на зборови во став 4 и за бришање на став 5.

Со мнозинство гласови, Комисијата не го усвои овој амандман.

Комисијата заклучи Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност  на сообраќајот на патиштата да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Во однос на Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана (второ читање), Комисијата го претресе Амандманот поднесен на член 58  со кој се менува членот 163 во став 1.

Заменик-министерот за одбрана и безбедност го усвои амандманот.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе Амандман „Во член 10 став 4, во точка 51“, зборовите „на воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата“, се бришат“.

Амандманот е од техничка природа и се предлага заради усогласување на оваа одредба со останатите одредби од Законот за одбрана, бидејќи овој Закон го уредува системот на одбраната, а постојниот член 20 ги утврдува надлежностите на Министерството за одбрана во остварувањето на одбраната.

Комисијата заклучи по Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана да се подготви Дополнет предлог-закон.

- Комисијата за одбрана и безбедност по Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи (второ читање) не водеше претрес по амандмани, бидејќи амандманот беше повлечен пред почетокот на седницата.

Комисијата заклучи Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- По Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (второ читање), Комисијата го претресе Амандманот на член 3 во новиот член 129-е за менување на ставот 1, поднесен од пратеникот г-ѓа Роза Топузова-Каревска.

Со мнозинство гласови, Комисијата не го усвои овој амандман.

Комисијата заклучи Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click