Активности



Петок, 4 март 2011 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на својата 43. седница и на нејзиното прво продолжение, одржани на 1, односно 3 март 2011 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (II читање);
  • Предлог-законот за отворените граѓански универзитети (II читање).

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (II читање), Комисијата во текот на расправата претресе вкупно 11 амандмани, од кои 7 ги усвои, а 4 од нив беа повлечени од предлагачите.

Во однос на втората точка од дневниот ред, Предлогот на законот за отворените граѓански универзитети, Комисијата претресе и усвои вкупно 12 амандмани.

Комисијата заклучи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование и Предлогот на законот за отворените граѓански универзитети да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click