Активности



Сабота, 2 април 2011 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 29 март 2011 година, во прво читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  образование на возрасните;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  просветната инспекција;
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за спортот.

Потребата од донесување на  горенаведените Предлог-закони ја образложија повереникот на предлагачот, г. Стојанчо Стојковски, раководител на Сектор во Министерството за образование и наука и г. Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правда.

Во расправата учествуваа и пратениците: г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска и г. Јован Лазарев.

Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, констатира дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

   

 

 

Click