Активности



Четврток, 3 март 2011 година

Педесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 55. седница, како матично работно тело во второ читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција и Предлог-законот за престанување на важење на Законот за заштита од штети на полскиот имот.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Дамески, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесен е 1 амандман по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција.

Во дискусија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, учествуваше пратеникот г. Панче Дамески.

Комисијата го разгледа и претресе амандманот на член 7 во новиот член 27-б став 3 за менување на точката 4 со архивски број 07-649/2, поднесен од пратениците г. Васко Шутаров и г. Цветан Трипуновски.

Комисијата со мнозинство гласови го усвои предложениот амандман.

Претседавачот со Комисијата, констатира дека во законскиот рок по Предлог-законот за престанување на важење на Законот за заштита од штети на полскиот имот, нема поднесено амандмани.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција и Предлог-законот за престанување на важење на Законот за заштита од штети на полскиот имот, да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click