Активности



Понеделник, 7 февруари 2011 година

Педесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 58. седница, како матично работно тело ги разгледа: 

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва - II читање,
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите - II читање,
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост - II читање и
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите - II читање.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Комисијата го претресе поднесениот амандман за менување на член 2, поднесен од пратеникот г-ѓа Нада Станчевска.

Во претресот учествуваа членот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Нада Станчевска и  заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков.

Комисијата за економски прашања едногласно го усвои поднесениот амандман.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, Комисијата претресе 4 амандмани од овластени предлагачи и едногласно ги усвои истите.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, ги извести пратениците дека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата за економски прашања заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот индустриската сопственост и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија. 

Click