Активности



Среда, 30 март 2011 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и прва седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното (прво читање);   
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за   производи за заштита на растенија (прво читање);            
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи (прво читање);           
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за   хидрометеоролошка дејност (прво читање);           
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи (прво читање).

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

На крајот, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат закониоет, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click