Активности



Среда, 6 април 2011 година

Шеесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеесет и втора седница, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за виното (второ читање), (поднесен од Владата под број 51-7999/1-10 од 22 март 2011 година);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство (второ читање);
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за воспоставување мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства  (второ читање);
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство  (второ читање);
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување  на Законот за вршење земјоделска дејност (второ читање);
  6. Предлогот на закон за дополнување на Законот за шумите (второ читање);
  7. Предлогот на закон за изменување и дополнување  на Законот за земјоделство и рурален развој (второ читање);
  8. Предлогот на закон за изменување и дополнување  на Законот за безбедност на храна (второ читање);
  9. Предлогот на закон за изменување и дополнување  на Законот за рибарство и аквакултура (второ читање);
  10. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна за животните (второ читање);
  11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за  семенски и саден материјал за земјоделски растенија (второ читање);
  12. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хидрометеоролошка дејност (второ читање);
  13. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи (второ читање);
  14. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи (второ читање);
  15. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенија (второ читање);
  16. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за виното (второ читање), (поднесен од Владата под број 51-2185/1 од  29 март 2011 година).

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Драганчо Стојчев, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното (второ читање), (поднесен од Владата под број 51-7999/1-10 од 22 март 2011 година), претседавачот на Комисијата, пратеникот Панче Дамески, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија поднесени се вкупно пет амандмани, кои Комисијата ги усвои. Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Што се однесува на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење земјоделска дејност, беше поднесен еден амандман од пратеникот Цветан Трипуновски, кој Комисијата го усвои, а Предлог-законот го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беше поднесен еден амандман од пратеникот Цветан Трипуновски по кој Комисијата не водеше претрес од причина што предлагачот го повлече истиот. Комисијата без дискусија овој Предлог-закон го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна, во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беше поднесен еден амандман од пратеникот Цветан Трипуновски. Комисијата со мнозинство гласови го усвои предложениот амандман со  кој се прецизира рокот за донесување на подзаконските акти. По расправата, Комисијата заклучи овој Предлог на закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, (поднесен од Владата под број 51-2185/1 од 29 март 2011 година), во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа поднесени 8 амандмани, од кои 7 беа усвоени, а по еден не се водеше претрес, од причина што предлагачот истиот го повлече. По расправата, Комисијата заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Претседавачот на Комисијата, пратеникот Панче Дамески, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по преостанатите Предлог-закони не се поднесени амандмани и Комисијата истите без дискусија ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click