Активности



Понеделник, 4 април 2011 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и четврта седница, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиска дејност;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност;
  6. Предлогот на закон за дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистер и регистерот на други правни лица;
  7. Предлогот на закон за дополнување на Законот за возила;
  8. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акредитација;
  9. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија;

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог-законите не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

На крајот од седницата, Комисијата за економски прашања заклучи горенаведените Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.

Click