Активности



Понеделник, 4 април 2011 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата Шеесет и шеста седница, на која како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка;
  2. Предлог-законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција за осигурениците и корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Пратениците: г-ѓа Дарка Петрушевска, г-ѓа Виолета Ташева, г. Веле Ѓорѓиевски, г-ѓа Оливера Трајановска, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева,  г-ѓа Наташа Јаневска, г-ца Марија Рашковска и г-ѓа Нада Станчевска, поднесоа два Амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и четири Амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата. 

Сите амандмани беа усвоени, а претседателот на Комисијата овие два Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието.

Претседателот на Комисијата констатира дека во законскиот рок по преостанатите четири Предлог-закони нема поднесено амандмани и истите ги проследи на натамошна постапка во Собранието.

 

 

Click