Активности



Среда, 9 февруари 2011 година

Деведесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 8 февруари 2011 година ја одржа својата Деведесет и трета седница.

- Како матично работно тело Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за девизнo работење (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со 7 гласа „за“ и 1 „воздржан“, заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за девизнo работење.

- Комисијата како матично работно тело по Предлогот на законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање) разгледа 9 поднесени амандмани, од кои 8 не ги усвои, а еден беше повлечен од предлагачот.

Комисијата со осум гласа „за“ и еден „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

- Како матично работно тело, Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со осум гласа „за“ и еден „воздржан“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите.

- Комисијата за финансирање и буџет по Предлогот  на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви како матично работно тело разгледа еден амандман, кој едногласно беше усвоен.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.

- Како матично работно тело, Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  данокот на додадена вредност (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

- Комисијата како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција (во второ читање).

По овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, па Комисијата  едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција.

- Како матично работно тело  го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата  едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови.

- Комисијата како матично работно тело  го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро (во второ читање).

По овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, па Комисијата  едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост, Комисијата како матично работно тело разгледа и усвои три амандмани.

Комисијата со осум гласа „за“ и еден „воздржан“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост.

- Како матично работно тело, Комисијата уште го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници (во второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со осум гласа „за“ и еден „воздржан“, заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници.

Click