Активности



Четврток, 3 март 2011 година

Деведесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 1 март 2011 година ја одржа својата Деведесет и шеста седница, на која како матично работно тело разгледа девет Предлог-закони.

- По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам( во второ читање ), Комисијата разгледа три Амандмани:

  • Амандманот на членот 1 став 1,
  • Амандманот на членот 1 за додавање на нов став 2 по ставот 1 и
  • Амандманот на членот 9,

поднесени од пратеникот Влатко Ѓорчев, кој ги образложи истите.                                                  

Заменикот на министерот за финансии се согласи со трите предложени Амандмани, а Комисијата едногласно ги усвои.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, исполнети се условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.  

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (во второ читање) како матично работно тело го разгледа Амандманот на членот 4 со кој се менува членот 12 ставовите (1), (2) и (3) поднесен од пратеникот Нада Станчевска, која го образложи истиот.

Претставникот на Владата  се согласи со поднесениот Амандман. Комисијата едногласно го усвои овој Амандман.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг.  

- Во однос на:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот (во второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг (во второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (во второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати (во второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  платниот промет (во второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  преземање на акционерските друштва (во второ читање) и
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар (во второ читање),

не беа поднесени амандмани, па Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа и да ги донесе.

Click