Активности



Петок, 4 февруари 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ДВАНАЕСЕТтИОТ БРОЈ  НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Излезе дванаесеттото издание на Билтенот на Собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ).

Во тековниот број на Билтенот содржани се информации за одбележувањето на 20-годишнината од конституирањето на првиот состав на Собранието на Република Македонија, за зедничкиот состанок на МПК, како и повеќе собраниски тела на кои беа претставени приоритетите на Унгарското претседателство со ЕУ, за посетата на израелски преставници во рамките на активностите на државно и парламентарно ниво за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаусот и средбата што тие ја остварија во македонскиот законодавен дом, како и повеќе други теми, кои поблизу го определуваат текот на процесот на европските интеграции на Република Македонија.

Со излегувањето на 12. број на Билтенот на МПК, влегуваме во втората година од излегувањето на неговиот прв број во јануари 2010 година. Изминатите 13 месеци, Мешовитиот парламентарен комитет, преку Билтенот, редовно, на месечна основа, ги информира европратениците во Европскиот парламент, но и пратениците во националните парламенти на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ кои работат на европски прашања, администрацијата во Европскиот парламент и националните парламенти, како и преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство, за сите активности на Собранието на Република Македонија поврзани со евроинтегративниот процес.

Билтенот се изготвува во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и излегува на англиски јазик.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx

а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

 

Click