Активности



Петок, 4 март 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ТРИНАЕСЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

На почетокот на овој месец, излезе новото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во тековниот број, презентирани се заклучоците од седницата на Комитетот за комитетот за односи меѓу заедниците, со кои се осудува инцидентот на Кале и се апелира на одговорност, разум и мегуетничко почитување во Република Македонија.

На следната страна, содржани се информации за средбата во Собранието со европратеникот и известител во сенка за Република Македонија во Европскиот парламент, г. Едуард Кукан, преведувањето на македонски јазик на Лисабонскиот договор, како и за посетата на Делегација од Собранието на Република Македонија на Балтичките земји Литванија и Латвија и учеството на претседателот на Комисијата за европски прашања, Петар Поп Арсов на состанокот на Комисии за европски прашања (КОСАК) во Будимпешта, во рамките на активностите на актуелното претседателство со Советот на ЕУ.

Билтенот влегува во втората година од своето издавање. Секогаш презентирајќи информации за евроинтегративните процеси и активности на Собранието на Република Македонија и со презентирањето на значајните настани од историјата, културата и природните убавини на Република Македонија, Билтенот има за цел поблизу да ја претстави земјата на европратениците во Европскиот парламент, националните парламенти на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати, како и на претставниците на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство.

Билтенот се изготвува во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и излегува на англиски јазик.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx
а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click