Активности



Понеделник, 4 април 2011 година, Брисел

Претседателот Вељаноски на дводневна Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија

На покана на претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија г. Андре Флаут и претседателот на Сенатот на Белгија, г. Дени Питерс, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, учествува на дводневната Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија.

На Конференцијата, која денеска и утре се одржува во Брисел, учествуваат 44 спикери на горни и долни домови на парламенти на европските држави.

Првиот дел на конференцијата е фокусиран на парламентарната контрола врз заедничките надворешни и безбедносни политики и заедничките безбедносни и одбранбени политики, како и на односот на Парламентот, мислењето на јавноста и медиумите, но и на улогата на парламентите во контролата на европската сфера на слобода, безбедност и правда, со посебен осврт на парламентарната контрола врз службите за разузнавање и мониторингот на Еуропол.

Утре ќе се дебатира за последиците од светската економска криза и за начините за справување со нив.

Претседателот Вељаноски, денеска говореше за односот на Парламентот, мислењето на јавноста и медиумите.

Според агендата на Конференцијата, денеска, претседателот Вељаноски и останатите шефови на делегациите ќе се сретнат со Неговото височество Кралот Алберт II.

Click