Активности



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната Шеесетта седница, разгледа шест Предлог-закони.

- Комисијата во второ читање ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиска дејност;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат и
  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по овие Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата заклучи овие Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.

- Во второ читање, Комисијата го разгледа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничка инспекција.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија  не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата по овој Предлог-закон поднесе два амандмани.

Комисијата за економски прашања заклучи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничка инспекција да го проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.

- Во второ читање беше разгледан уште Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија се поднесени три амандмани од  пратеникот Нада Станчевска.

Во претресот по амандманите учествуваа членот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Нада Станчевска и заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков.

- На истата седница, во прво читање, Комисијата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, за кој образложение даде претставникот на предлагачот, заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков.

Беше истакнато дека целта на предложените измени е усогласување на постапката за решавање по жалба, којашто би можело да се поднесе на државниот пазарен инспекторат, согласно на одредбите на Предлогот на законот.

Со предложените измени и дополнувања ќе се воведе унифицираност на постапката за одлучување како и по однос на другите закони од економската сфера, со што значително би дошло до подобрување на предвидливоста и унифицираноста за сите постапки коишто може да се поведат.

По завршувањето на расправата, Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека овој Предлог на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click