Активности



Вторник, 25 јануари 2011 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, со претставници на ЦССП проектот за Македонија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, денеска, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, кои непосредно работат на ЦССП проектот за Македонија, одржа средба на тема - активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2011 година.

На средбата присуствуваа д-р Диетер Волкевиц, член на бордот на ЦССП и г-ѓа Кристина Стенер, проект-менаџер за Македонија.

Претседателот Адеми ги поздрави присутните и ги запозна со работата на Комитетот за односи меѓу заедниците во последните три месеци, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуваат Комитетот да го зајакне својот капацитет за работа и својот авторитетот како орган кој е директен продукт на Рамковниот договор.

Тој објасни дека Комитетот во последните три месеци одржа и заврши две седници, и тоа Осмата седница, која заврши со едногласно усвојување на заклучоците за Интегрирано образование во образовниот систем на Република Македонија и Дванаесеттата седница, на која, исто така, едногласно беа усвоени заклучоци за Декада на Ромите во Република Македонија, заклучоци кои се дел од Националната државна стратегија по тие теми.

На средбата, претставниците на ЦССП проектот за Македонија го информираа претседателот Адеми дека во соработка со УНЕСКО, УНИЦЕФ и УНДП ќе организираат семинар по повод 10-годишнината на потпишување на Охридскиот рамковен договор, на тема „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедниците во Македонија“, почнувајќи од 14 февруари до 11 март 2011 година. 

Претставниците на ЦССП проектот предложија една од наредните теми на Комитетот да биде дебатата одржана во Бујановац, со помош на почесниот претседател Кристијан Шварц-Шилинг на тема - Ромите во Бујановац, предлог кој беше прифатен од страна на претседателот на Комитетот.

На крајот од средбата, гостите изразија задоволство од приемот, искреноста и отвореноста при одговорот на поставените прашања и се заклучи средбите да продолжат и да се остварува соработка на повисоко ниво.

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, ја поздрави поддршката на гостите, се заблагодари за соработката и истакна дека очекува во иднина уште повеќе да се интензивираат овие средби и присуства на сите наредни активности.

Click