Активности



Петок, 28 јануари 2011 година 

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија
 
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, денеска оствари средба со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија.

На средбата, потпретседателот во свое име и во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, кој се наоѓа во официјална посета на Парламентот во Црна Гора, на г. Самуел Валис-Акијани му го честиташе назначувањето за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана во Република Македонија, со седиште во Белград.

Потпретседателот Аљити истакна дека за Република Македонија, покрај стратешките определби и приоритети во однос на ЕУ и НАТО, од силен интерес е и интензивирањето и унапредување на соработката и со земјите од Африка, во сите сфери од заедничкиот интерес.

Република Македонија придава високото значење на развојот на севкупните односи со земјите од Африка, а во таа насока географската димензија не треба да претставува пречка, туку напротив, треба да биде предизвик за развивање сестрана и заемно корисна соработка меѓу Македонија и Гана. Меѓутоа, потребно е да се изнајдат најприфатливи форми за интензивирање на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, а особено да се размисли за можната економска соработка и трговската размена помеѓу двете земји и искористување на потенцијалите на двете земји, изјави потпретседателот Аљити.

Исто така, беше истакнато дека постои потреба од заживување на економската соработка со динамизирање на деловните контакти меѓу бизнисмените од двете држави, а има реални можности и за соработка на Стопанските комори на двете земји. Гана има богат суровински потенцијал, а Република Македонија за Гана е една од можностите за настап на европскиот пазар.

Во продолжение на средбата, г. Аљити го запозна својот гостин со составот и работата на Собранието на Република Македонија.

Амбасадорот, г. Самуел Валис-Акијани, истакна дека треба да се воспостави парламентарна соработка помеѓу двете држави и да се приближат во полето на економските односи.

Click