Активности



Петок, 18 февруари 2011 година

Средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е. Донг Чун Фенг 

Членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева, претседател, г-ѓа Нада Станчевска, г. Џеват Адеми и г. Васко Шутаров, членови, вчера остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Донг Чун Фенг.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во двете држави, беа покренати прашања врзани со зајакнувањето на билатералната парламентарна соработка, а беше нагласен и силниот интерес на Република Македонија за зголемување на економската соработка и заеднички настап на трети пазари.

Кинескиот амабасадор оцени дека економските односи би можеле да се зајакнат со оглед на тоа што Република Македонија има капацитети и ресурси интересни за кинескиот капитал.   

Народна Република Кина е членка на Советот за безбедност и важен фактор во меѓународните односи и ѝ дава принципелна поддршка на Република Македонија во меѓународните организации.

Click