Активности



Среда, 6 април 2011 година

Сто и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Сто и третата седница одржана на 6 април 2011 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка  (второ читање);
  2. Предлогот на закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити (второ читање);
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва (второ читање);
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (второ читање);
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот на игрите на среќа и за забавните игри (второ читање);
  6. Предлогот на закон за дополнување на Царинскиот закон (второ читање);
  7. Предлог на закон за дополнување на Законот за даноците на имот (второ читање);
  8. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);
  9. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување  (второ читање);
  10. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за царинската управа (второ читање);
  11. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (второ читање).

Комисијата за финансирање и буџет по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка читање  ги разгледа:

  • Амандманот на член 2 став (2) и Амандманот на член 5 за додавање на став (2) по ставот (1) поднесени од пратеникот Владанка Авировиќ.

Комисијата  едногласно ги усвои двата предложени амандмани.

По Предлогот на закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, во второ читање  беа разгледани:

  • Амандманот на член 22 став (14) и став (17) поднесен од пратениците г. Крсто Мукоски, г. Стојче Крстевски, г. Талат Џафери, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Соња Гелова-Стојанова и г-ѓа Јулијета Марку, под архивски број 07-1677/2.

Комисијата  едногласно го усвои предложениот амандман.

Додека по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва, во второ читање  беше разгледан:

  • Амандманот на член 2, во новиот член 10-а во став (6) поднесен од пратениците Крсто Мукоски, Стојче Крстевски, Талат Џафери, Владанка Авировиќ, Соња Гелова - Стојанова и Јулијета Марку, под архивски број 07-1681/2.

Комисијата  едногласно го усвои овој амандман.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во второ читање  го разгледа:

  • Амандманот на член 20 во новиот член 149-б став (14)  поднесен од пратениците Крсто Мукоски, Стојче Крстевски, Талат Џафери, Владанка Авировиќ, Соња Гелова - Стојанова и Јулијета Марку, под архивски број 07-1679/2.

Комисијата  едногласно го усвои овој амандман.

Во однос на Предлог на законот за дополнување на Законот за даноците на имот, во второ читање  беа разгледани:

  • Амандманот на член 1 став (1), Амандманот на член 2 став (1), Амандманот на член 4 во новиот член 52-а во ставот (14) и Амандманот за бришење на членот 5 поднесени од пратеникот Владанка Авировиќ.

Комисијата  едногласно ги усвои предложените амандмани.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање  го разгледа:

  • Амандманот на член 5 став (12) и став (16) поднесен од пратениците Крсто Мукоски, Стојче Крстевски, Талат Џафери, Владанка Авировиќ, Соња Гелова - Стојанова и Јулијета Марку, под архивски број 07-1666/2.

Комисијата  едногласно го усвои овој амандман.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  исполнети се условите за подготвување на  Дополнет предлог на законите: 

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка  (второ читање);
  • Предлог на закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити (второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва (второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот на игрите на среќа и за забавните игри (второ читање);
  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за даноците на имот (второ читање);
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (второ читање);

Додека по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг, Предлогот на закон за дополнување на Царинскиот закон, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за царинската управа, и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост не беа поднесени амандмани.

Click