Активности



Четврток, 17 февруари 2011 година

Завршница на седницата на Европарламентот

На вчерашната пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата во врска со преговорите за членство на Хрватска во Европската унија, коишто можат да завршат во првата половина на 2011 година под услов земјата да продолжи со успешно спроведување на реформите.

Борбата против корупцијата, поддршката за враќањето на бегалците и реструктурирање на бродоградилиштата се предизвиците со кои сè уште се соочува оваа земја.

По две и пол години преговори, членовите на Европарламентот денеска дадоа „зелено светло“ за ратификација на договорот на ЕУ за слободна трговија со Јужна Кореја.

Европратениците дискутираа и за ситуацијата во Египет, по падот на претседателот Хосни Мубарак, за тоа како 80 милиони Египѓани се исправени пред тешката задача за создавање нов демокраски поредок.

Исто така, Европарламентот усвои нови правила за поголеми права на патниците во автобускиот сообраќај, а одобри и нов закон кој треба официјално да го потврди Советот на министри, а се однесува на спречување интернет продажба на фалсификувани лекарства.

Click