ПСРМ - изјава за предвремени избори...



Петок, 15 април 2011 година

Изјава на претседателот Вељаноски по потпишувањето на Решението за распишување на предвремени парламентарни избори

Денеска, согласно уставните надлежности, а врз основа на одлуката за распуштање која вчера ја донесе Собранието на Република Македонија, го потпишав Решението за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 5 јуни 2011 година.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во Брисел...



Вторник, 5 април 2011 година, Брисел

Обраќање на претседателот Вељаноски на вториот ден од Конференцијата на претседатели на парламенти од ЕУ

Сведоци сме на економска криза од историски размери, која се појави и рашири со голема брзина, во секоја држава - некаде помалку, некаде повеќе. Неспорен факт е нејзината присутност, како и негативниот и поразителен резултат кој го носи со себе, неспорна е нашата свесност за состојбите, но во исто време и нашата обврска за безрезервно и посветено изнаоѓање на излез од состојбата на криза. Наша одговорност е да ги неутрализираме или во најмала рака да ги намалиме негативните последици од кризата врз животот на граѓаните и целокупното општествено живеење. Нејзините последици ја имаат и индивидуалната, но и, неизбежно, глобалната димензија. Токму такво, треба да биде и делувањето и начинот на справување со неа

Прочитај повеќе

Говор на претседателот Вељаноски на Конференција на претсед...



Понеделник, 4 април 2011 година, Брисел

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија

Денес, по две декади од освојувањето на демократијата, доколку погледнеме наназад, со гордост може да си спомнеме на исчекорите кои беа направени. Слободата беше освоена, a тоталитаризмот поразен. Семето на демократијата беше посеано на македонската почва. Меѓутоа, почитувани пријатели, природата на демократската власт, во својата основа го има перманентното чекорење кон хоризонтот на слободата, чиј главен столб се граѓаните.

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски на одбележувањето на 60 години од основа...



Петок, 1 април 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на одбележувањето на 60 години од основањето на Државниот архив на Република Македонија

Пред  шеесет години, поточно во јануари 1951 година, тогашното Собрание на Македонија, го носи законот за формирање на Државниот архив, а веќе на 1 април истата година Архивот ја започнува својата работа. Во овие шеесет години на своето работење, тој се афирмира и се потврди како значаен столб на македонскиот идентитет, самобитност и државност, односно стана неодминлива институција и извор за минатото на македонската нација, како и на албанската, турската, влашката, српската и ромската етничка заедница.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворање на Меморија...



Вторник, 8 март 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Денешнава манифестација јас ја доживувувам како дел од комеморативните активности посветени на холокаустот и сеќавањето за 7.144 наши сограѓани Евреи, кои во 1943 беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Меѓу нив, околу половината биле деца и малолетници до 18-годишна возраст. Нивната судбина беше страшна, над 98 проценти од депортираните беа ликвидирани во овој нацистички логор. Со отворањето на Меморијалниот центар посветен на холокаустот на македонските Евреи, како граѓани и како држава, ја изразуваме нашата длабока почит кон нашите сограѓани кои брутално беа ликвидирани, а во исто време правиме значаен цивилизациски чекор кон една од основните вредности на човештвото, а тоа е толеранцијата, соживотот и почитувањето на националните верските и сите други разлики.

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски по повод одбележување на 20- годишнината...



Понеделник, 10 јануари 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница на Собранието на Република Македонија

Пред дваесет години во оваа сала се конституира првиот повеќепартиски состав на Собранието на Република Македонија.
Изминаа првите 20 години откако Македонија стана независна и демократска држава.
Изминаа првите 2 декади откако прв пат се состанаа легитимно избраните преставници на народот во првиот повеќепартиски законодавен дом на нашата татковина.
Оттогаш до денес, наспроти сите искушенија, пратениците на Македонија, ги искачија највисоките врвови со кои се заокружи нашата државност

Прочитај повеќе
1  
Click