2011



Среда, 25 мај 2011

АКТИВНА УЛОГА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО МЕЃУНАРОДНАТА РАЗВОЈНА ПОЛИТИКА

Во рамките на програмата на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на 17 мај 2011 година се одржа Конференција на која на пленарна сесија беше дебатирано за структурниот дијалог за зајакнување на меѓународната развојна политика на Европската унија. На конференцијата од страна на државниот министер за надворешни работи на Унгарија г. Золт Немет беше поздравена иницијативата на Европската комисија за издавање на комуникација за вклучување на граѓанското општество и локалните власти во креирање на развојната политика. 

Структурниот дијалог беше инициран во мај минатата година од страна на европскиот комесар за развој г. Андрис Пиебалгс, со цел создавање на поефикасна развојна политика на ЕУ со вклучување на граѓанските организации и локалните власти и имајќи ги предвид нивните потреби. Во рамките на Конференцијата, комесарот Пиебалгис ги поздрави напорите на Унгарското претседателство со ЕУ за организирање на настанот и истакна дека неколку општества во развој во изминатиот период достигнаа ново поглавје, а граѓанскиоте општества и локалните власти одиграа клучна улога во градењето и одржувањето на демократијата, доброто управување и владеење на правото како и во обезбедување на човековите права.

Локалните и меѓународните акции треба да бидат одржливи со цел да се надминат глобалните предизвици и да се олесни инклузивниот и одржлив развој. На Конференцијата беше истакната важноста на соработката со локалните власти и организациите на граѓанското општество како и институционализирање на дијалогот.

Click