2011



Петок, 8 април 2011 година

ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ВСЕЛЕНАТА

Европската унија, од стратешки и економски причини, има воспоставено сопствени програми за вселенска навигација и опсервација на Земјата: Европска служба за геостационарна навигација (ЕГНОС), Европскиот систем за сателитска навигација (Галилео) и Глобалниот мониторинг за животна средина и безбедност (ГМЕС). Врз основа на овие програми, Европската комисија сака да изгради заедничка стратегија за вселената со цел заштита на независноста на ЕУ и позицијата на глобален лидер во технологијата за вселената. 

Европска служба за геостационарна навигација е првиот чекор на ЕУ во сателитската навигација. Службата е оперативна низ Европа, вклучувајќи ја услугата за побезбеден авиосообраќај. Со програмата Галилео, за Европа ќе се обезбеди служба за глобална сателитска навигација независна од војската и различна од ГПС системот на САД. Системот на ЕУ за опсервација на Земјата ќе почне да функционира од 2014 година.

Предложената ЕУ стратегија за вселената ќе доведе до покоординирани инвестиции, пораст и ќе придонесе за зголемување на вработувањата. Имајќи ја предвид важноста од економските, општествените и стратешките предизвици поставени се следните приоритети на Европската стратегија за вселената:

  • да се продолжи со остварување на европските програми за сателитска навигација (Галилео и ГМЕС) и да се развиваат нови услуги за бизнисите, владите и пошироката јавност;
  • подобрување на ГМЕС заради попрецизно следење на климатските промени;
  • подобрување на способноста на ЕУ за контрола на морињата, границите и ефикасно реагирање на кризи во ЕУ и други места;
  • формирање на систем за заштита на комуникациски сателити и друга критична инфраструктура за вселената;
  • вклучување на ЕУ во истражувања на вселената;
  • за сите земји-членки обезбедување на пристап до вселената и меѓународната вселенска станица;
  • развивање на индустриска политика со Европската агенција за вселена и земјите-членки на ЕУ;
  • поголемо инвестирање во истражување на вселената и поврзани иновативни технологии;
  • искористување на напредни вселенски технологии заради подобрување на транспортот, животната средина, безбедноста, одбраната и информатичките технологии.

Членот 189 од Лисабонскиот договор ѝ дава на Европската унија експлицитна улога да формира еввропска политика за вселената, со цел унапредување на научниот и техничкиот напредок, индустриската конкурентност и спроведување на политиките. Политиката за вселената е клучен елемент во Стратегијата Европа 2020 и составен дел на индустриската политика. Подобрите телекомуникации, навигации и системи за мониторинг на животната средина им помагаат на компаниите да развиваат нови иновативни услуги, да создаваат високо квалификувани работни места, повеќе можности за бизнис и индиректни технологии.

Комисијата ќе ги разгледа конкретните предлози кон крајот на годинава, по дискусиите и расправата за предложената стратегија.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/enterprise/policies/space/esp/index_en.htm

Click