2011



Понеделник, 30 мај 2011 година

НОВА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА НА СОСЕДСТВО

Европската комисија на 24 мај 2011 година усвои ревидирана Европската политика на соседство која е изградена врз основа на постигнувањата на политиката на соседство промовирана во 2004 година.

Европската политика на соседство ќе понуди нуди нови видови на поддршка во повеќе области од општеството и ќе воведе поголема мотивација за преземање на реформи.


Обновената Европската политика на соседство содржи шест основни столба:

  • поддршка на процесот кон висока демократија; слободните и фер избори треба да бидат придружени со почитување на владеењето на правото, човековите права и основните слободи. Ова ќе се постигне преку создавање на партнерства во рамките на секоја соседна земја во ЕУ и подостапна поддршка на граѓанските организации.
  • интензивирање на политичката и безбедносната соработка; предлогот ги опфаќа начините за поголемо вклучување на Унијата во решавање на подолготрајни конфликти во регионот.
  • поддршка за одржлив економски и социјален развој; трговијата е клучна за создавање на работни места, зголемување на растот и подобрување на социјалната заштита.
  • создавање на мобилни партнерства со цел олеснување и добро менаџиран пристап до каналите за легална миграција и зајакнување на капацитетите за гранично управување и борбата против илегалната миграција.
  • зајакнување на Источното партнерство и градење на партнерство за демократија и споделен просперитет во јужниот дел на Медитеранот; ЕУ во соработка со источното соседство се обврзува да ги имплементира договорите за асоцијација, тежнеејќи кон демократизација и либерализација на визниот режим, подобрување на секторската соработка и зајакнување на соработката со граѓанското општество.
  • обезбедување на дополнителни средства од 1.240 милиони евра за поддршка на развојот и финансирање на нови иницијативи, особено за соработка со граѓанското општество и руралниот и регионалниот развој.  

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/world/enp/index_en.htm

Click