2011



Понеделник, 31 јануари 2011 година

Одбележан денот за заштита на личните податоци

На 28 јануари 2011 година, Советот на Европа и Европската комисија, во Брисел, по петти пат го одбележаа Денот на заштита на личните податоци. Заедничкиот состанок на високо ниво на СЕ и ЕК беше посветен на „Заштитата на личните податоци 30 години подоцна: од европските до меѓународните стандарди“, со што се одбележа триесетгодишнина од Конвенцијата (108) на Советот на Европа, за заштита на поединци во однос на автоматска обработка на лични податоци.

Конвенцијата од 1981 година, претставува темел на приватноста и заштитата на личните податоци во Европа, ратификувана е од 43 земји-членки на Советот на Европа, со можност за приклучување на било која земја во светот. Беше промовиран процесот на модернизација на Конвенцијата, а се одбележа и почетокот на јавната консултација организирана во контекст на заштитата на личните податоци.

Европската комисија достави предлози за ревизија на Директивата од 1995, поставени во Комуникацијата за „Детален пристап на заштитата на личните податоци во ЕУ“ од ноември 2010 година.

Прашањата поврзани со заштитата на личните податоци постојано се присутни во секојдневниот живот на поединците, од работните места, областа на здравството, патувањата, па до користењето на интернетот. Сепак, голем број на поединци не се запознаени со заштитата на личните податоци и не се свесни за сопствените права во однос на оваа област.

По повод Денот на заштита на личните податоци, се организираат настани, не само во Европа, туку и низ целиот свет, со цел да се подигне јавната свест за заштитата на личните податоци и да се информираат граѓаните за нивните права и истите да ги применат поефикасно.    

Click